речник контакт

Што годинава Министерството за култура ќе им понуди на велешани?

Вообичаените содржини, како и претходните години, со можна голема манифестација на која Велес би бил домаќин?

Петар Печков

НУ Центар за култура „Јордан Х. К. Џинот“ од Велес  годинава ќе има две премиери  финансирани од Министерството за култура „Приказни од шестиот кат“ - по раскази од Драги Михајловски во режија Деан Дамјановски  и „Тартиф“  од Молиер во режија Никола Ристов. 

За отворањето на новата театарска сезона кое  е најавено за годинава, ќе се случи  премиера  со  подготвен специјален текст, што е надвор од оваа програма. Вообичаено  и театарот подготвува претстави кои се нивно производство а не се финансирани од министерството. Годинава средства ќе добие и

Фестивалот на античка драма „Стоби“ во античкиот театар на локалитет Стоби. Ќе се финансира  санацијата на кровот од  втора фаза  на Спомен  костурница на паднатите борци во НОВ од Велес и Велешко. Пари  од Министерството за култура  ќе добијат и 51-тe Рацинови средби, 11 фолклорен фестивал,  и за јубилејот  60 години од ФА Керамичар.

Конзерваторискиот Центар oд Скопје ќе продолжи со  увид во состојбата на заштитени културни добра од   црквите во  регионот на  Велес,  во втора фаза. Тоа се „Св. Никола“, Башино село, „Св. Никола“, Крајници, „Св. Илија“, Капиново, „Св. Петка“ Црешево, „Св. Ѓорѓи“, Мартолци, „Св. Никола“, Габровник, „Св. Никола“, Ораов Дол, „Св. Параскева“, Ореше, манастир „Согле“ Велес, „Св. Никола“, Владиловци, „Св. Тројца“, Подлес, „Св. Никола“, Раковец. Велешани годинава ќе бидат сведоци на јубилеен концерт на класична музика  за 20 години уметничка дејност на дуото Кировски.

Со програма за работа во 2014-та предвидено е изработка на конзерваторски проект за реставрација на фасади на комплекс од пет куќи на ул. „Јован Алабаков“, бр. 3, 5, 7, 10 и 12 , кај велешани познати како Варналиите.

Годинава треба дa се откупи и куќата која е со стара велешка архитектура,  која е до спомен куќата на Васил Главинов. Министерството ќе го финансира и  двојното стрип издание Креатор  на Стрип центарот како и Стрип фестивалот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »